Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ преку статус на Фејсбук пишува дека вечерва бил на изложбата на МАНУ.

-Вечерва во МАНУ на изложбата “Лица на револуцијата” каде има ретка можност да се видат досега необјавени фотографии од македонските револуционери.

Штета што институциите на Македонија не покажуваат интерес за сето ова и се сè потпира на ентузијазмот на неколкумина.

По смена на власта, ќе биде дадена огромна поддршка за заштита и зачувување на она што претставува национално благо и дел од нашата култура и историја, стои во неговиот пост на Фејсбук.