Денеска по посетата на Битола, претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски одговараше на прашањата на медиумите. Едно од прашањата е зошто РЕК Битола генерира толкави загуби и дали ќе се одрази на цената на електричната енергија.
„Тоа беше дебата минатата недела, тука сме во Битола и неизбежна тема е нели работењето на ЕЛЕМ и РЕК Битола, според оние параметри кои што јас ги имам на располагање компаниите сега на 15-ти мај отприлика мислам дека треба да ги приложат или понеделник или денеска веќе ги приложуваат својот трошковник до Регулаторната Комисија, но да бидам искрен за волја на вистината сегашно ЕСМ,а поранешна ЕЛЕМ нема да влезе во пресметките во Регулаторната Комисија бидејќи ЕВН Хоме односно снабдувачот со електрична енергија на слободен пазар ја купува потребната количина на електрична енергија. Можеби овие од ЕСМ ќе бидат неконкурентни можеби ќе се одлучат од ЕВН Хоме да купат друг снабдувач за електрична енергија, но она што загрижува се пресметките на АД МЕПСО кои што велат дека се шест милиони евра во загуба. Оние информации кои што јас ги имав за ЕСМ поранешно ЕЛЕМ се дека 25-26 милиони евра отприлика се во загуба, и кога раководството за колкава загуба станува збор се обиделе вештачки да ја намалат, но и таа повторно ќе биде преголема, ќе биде некаде околу 12 до 15 милиони евра“, истакна Мицкоски.
Мицкоски додаде дека тој очекува дека повторно зголемување на цената на електричната енергија за домаќинствата поради слабото работење на енергетските компании во државата. Не само оние производни компании туку и регулираниот пазар тука пред се станува збор за ЕВН и МЕПСО.
„Мислам дека неминовно е да имаме зголемување на цената на електричната енергија и во насока на тоа во годината која што е кризна јас би сакал да ги советувам властите, еве дали тоа тие ќе го прифатат или нема да го прифатат останува на нив, е да ја намалат основицата односно да го намалат данокот на додадена вредност наместо 18% да биде 5% со тоа да го ублажат ценовниот шок кој што ќе следи со евентуалното зголемување на електричната енергија. Ние како пратеничка група како ВМРО-ДПМПНЕ размислуваме да предложиме еден таков закон за Парламентот за тоа што цениме дека на тој начин ќе бидат растеретени сметките за електрична енергија на граѓаните но истовремено ќе бидат и растеретени и од бизнис заедницата“, појасни Мицкоски.
Мицкоски посочи дека за да се спречи зголемување на цената на електричната струја Владата треба да ја намали основицата односно да го намалат данокот на додадена вредност наместо 18% да биде 5% со тоа да го ублажат ценовниот шок.