Во Македонија нѐ има премалку за да имаме концепт на поделби, вели во вечерашното гостување во емисијата „Патот Кон“ на Алсат лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски. Како што кажа тој ретроградните политики и политичари коишто нѐ враќаат во минатото не може да имаат успех.

„Премалку нѐ има во Македонија за да се делиме и да имаме различности особено онакви како што се прашањата од 19. или можеби почетокот на 20. век“, рече Мицкоски.

Запрашан дали Македонија е и на Албанците Мицкоски со одговор:

„Македонија е на сите граѓани во неа. Бидејќи Албанците се втора по бројност заедница во Македонија – да, Македонија е и на Албанците“.