– Изминативе четири години се потрошени повеќе од 400 милиони евра, дали 400 милиони евра видоа скопјани во проекти, дали 40 видоа во проекти, еве да размислуваме така, не видоа, така што навистина има можност и тој буџет да се зголеми за уште поголема додадена вредност и уште поинтензивна реализација на проекти ако се работи според план и програма и според однапред утврдена методологија. Затоа што подготовката е половина завршена работа.И сега вие ако сте ги преспале повторно ќе кажам 3 и пол години буквално ништо не сте направиле и сега ако мислете дека за два три месеци ќе излезете ќе изгребете асфалтот и ќе постелете нов асфалт ќе го пуштите дронот тоа да го сними и ќе мислите дека сте ја завршиле работата нема да ја завршите.Ако сте потрошиле повеќе од 400 милиони евра тоа ќе беше видливо, еве јас прашувам што е денес видливо? Освен оној тревникот на центарот на плоштадот? Што е денес видливо? Тоа што и претходно е направено не е ни искречено. Што е денес видливо што е сработено од страна на господинот Шилегов, негов проект изработен ревидиран направен и сето тоа потоа завршено, нагласи Мицкоски.