Денеска лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски беше во посета на општината Брвеница. Тој посочи дела во општината со малку ресурси се прават многу работи.
-80% од ветеното од пред две години е веќе реализирано, остануваат уште 20%. Но, тоа не значи дека откако и тие 20% ќе бидат реализирани, треба да се застане. Напротив тоа треба да биде мотив повеќе да се реализира и нешто што не било ветено, а што ќе биде поздравено и добредојдено за граѓаните овдека во општина Брвеница. Јас можам уште да кажам дека и покрај тешките услови со кои што се соочува градоначалникот, и покрај тешките услови на работа кои што ги има Општина Брвеница, игнорантскиот однос од страна на Владата кон општините каде што имаме градоначалници од ВМРО-ДПМНЕ, сепак добрата вест е дека за неколку месеци од денеска ќе имаме нова Влада предводена од ВМРО-ДПМНЕ чии што носечки стожарен проект ќе биде големо децентрализирање на буџетските средства за реализирање на капитални инвестиции во општините. И за таа намена според оние критериуми кои што ги имаме дефинирано во општина Брвеница ќе бидат инвестирани годишно до милион и 800 илјади евра. Или за еден четиригодишен мандат до 7 милиони и 200 илјади евра, рече тој.
Мицкоски посочи дека на тој начин буквално сите населени места во општина Брвеница ќе ги имаат оние услови, пристојни услови за живот, за да можат луѓето да добијат подобар квалитет на својот живот.
-Цениме дека на тој начин ќе покажеме еден добар пример како треба да се развива Македонија рамномерно низ целата територија, а не само во оние општини каде што имаме градоначалници кои што доаѓаат од Владата. Туку идната Влада на ВМРО-ДПМНЕ ќе биде Влада за сите граѓани, за сите општини без разлика дали градоначалникот е од ВМРО-ДПМНЕ, СДСМ, ДУИ, Алијансата за Албанците, БЕСА или е некој независен градоначалник. Уште еднашка честитки за градоначалникот, за администрацијата, за пратениците од 6-тата изборна единица, кои што секогаш се трудат со некој амандман дополнително да обезбедат средства за Полог и за општините кои што се во Полог. Но, за жал најголемиот дел би рекол сите тие амандмани се секогаш одбиени од страна на Владата. Но, што е тука е, рековме дека за неколку месеци од денеска ќе имаме една нова реалност, нова Влада која што ќе функционира по поинакви принципи, порача Мицкоски
Извор: Netpress.com.mk.