– Ова време на предизвици, сиромаштија и заеднички проблеми можеме да го надминеме ако бидеме сплотени и ако покажеме дека со разбирање, соработка и толеранција можеме да ги надминеме сите препреки исто како што низ векови наназад сме го правеле. Македонија да ја градиме камен по камен, тула по тула, како свој дом и да ја заштитиме од пропаста кон која ја носи актуелната власт. Сите ние имаме одговорност да се грижиме за секој човек во тој дом да има просперитет и перспектива. Да ја градиме таа перспектива тука, да обезбедиме просперитет за нас и за нашите поколенија тука. Да бидеме солидарни еден со друг, но и посветени кон успехот, затоа што сечиј успех е предуслов за успех на Македонија. Честит празник, Рамазан Бајрам, се наведува во честитката од Мицкоски.