– Јас официјално го немам добиено ребалансот на буџетот, она кое го имам како информација е дека денеска во Владата имало прилично тензична ситуација околу распределба на средствата во буџетот. Но, неофицијално имам информација дека делот за трансфери и субвенции е зголемен за отприлика 17 милијарди денари или 210 милиони евра, а буџетскиот дефицит од 4.9% е зголемен на 6.5%. Еве да објасниме што тоа значи буџетски дефицит. Тоа е како вие да добиете плата од 25.000 денари, а овој месец потрошите 30.000 денари, морате вие да најдете начин како да го надоместите, најчесто државата за тоа издава обврзници, зема кредити, хартии од вредност односно троши повеќе отколку што заработила. Тоа е тој буџетски дефицит и од 4.9 до 6.5% зголемувањето е 1.6%, а овие 210 милиони се токму тие 1.6% односно зголемување за трансфери и субвенции или потенцијалниот поткуп е 210 милиони. Ако тоа го преведам во нов долг тоа значи дека секое едно четиричлено семејство после овој ребаланс на буџет поради овие политики на СДСМ и оваа влада ќе должи вкупно отприлика околу 500 евра, плус дополнително на оние кои претходно беа и со кои претходно ги задолжија нашите граѓани, а притоа нема буквално никаква развојна компонента, истакна Мицкоски во своето гостување.
Мицкоски во текот на своето гостување зборуваше и за капиталните инвестиции.
– Она кое исто така го разбрав е дека ставиле во капитални инвестиции 24 милијарди на 30 милијарди евра да речат еве зголемуваме и кај капиталните инвестиции, а они заклучно со мај едвај 5 милијарди имаат потрошено и реализирано капитални инвестиции. Со ова сакаат да кажат демек ова е развојната компонента. И сега кога ќе седнете и ќе размислите дека и најспособните инжењери вие да ги донесете во Македонија, тие не можат повеќе од 10 милијарди, тоа не е ни половина од тоа што они го предвиделе, додаде Мицкоски.