Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски е со далеку поголема доверба кај граѓаните отколку лидерот на СДСМ, Димитар Ковачевски покажува анкетата на ИПИС.
Според најновата анкета на Институтот за Политички Истражувања од Скопје (ИПИС) во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 година, Мицкоски се покажува дека има речиси три пати поголем рејтинг од Ковачевски.
Ваквиот резултат којшто е разочарувачки за владејачката партија се должи на низата скандали, сомнителни договори, понижувачка надворешна политика, волјата за промена на Устав и удирање врз достоинството на Македонците.
Овие информации може да ги погледнете од графиконот во продолжение.
Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ има речиси три пати поголема доверба од лидерот на СДСМ, но освен тоа Мицкоски има далеку поголем рејтинг и од претседателот на државата Стево Пендаровски, како и лидерот на Левица, Димитар Апасиев.
Целосната анкета и останатите резултати од истражувањето на овој Институт може да ги погледнете ТУКА.