Новата анекта на ИПИС покажува дека доколку следната недела има Парламентарни избори граѓаните ќе ја изберат дури 20 отсто од граѓаните ќе ја изберат ВМРО-ДПМНЕ, за разлика од 12,9 осто за СДСМ или 3,3 отсто за Левица.

Политичката партија Левица го губи епитотот на „брзорастечка“ партија и не само што стагнира нивниот процент, туку и полека почнува да опаѓа.

За разлика од ланските анкета спроведени од истиот овој институт каде нивниот рејтинг беше 4 отсто, а според некои други истражувачки центри процентите им одеа и до 5 или 6 отсто овој пат полиитчката партија Левица почнува да бележи пад.

Повеќе може да погледенете од графиконот во продолжение.

Освен ова и лидерот на Левица, Димитар Апасиев не ужива висока доверба кај народот, а тоа е исто дел од оваа анкета.

Останатите политички прашања и одговори од анкетата може да ги погледнете ТУКА.

Истражувањето е спроведено во периодот помеѓу 23 и 26 мај 2023 на 1112 полнолетни испитаници на ниво на Република Македонија. Во истражувањето граѓаните ги изразуваа своите ставови за нивната поддршка за политичките партии и политичари, како и за одредени актуелни прашања.