Лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски денеска од пред Владата изјави дека продолжуваат со протестите против францускиот предлог.
-Сакаме да влеземе во ЕУ како горди Македонци, горди на нашите претци и жртвата што нашите претци за да ја имаме оваа независна држава, која го говори преубавиот мајчин македонски јазик. Денеска дадовме наш предлог и тој е ставот на партијата и за преговарачката рамка и на заедничките позиции на земјите-членки на ЕУ. Можете да преговарате како што го прави тоа оваа Влада и да не однесете во амбис и да немате втора опција додека паѓате. Дали ќе ја прифатиме таа опција, велиме „не, благодарам“ и затоа велиме не за асимилизација на Македонија. Наместо да се консултираат со нас, тие водеа егзибистички преговори. Со умен и рационален пристап може се да се смени. Чекаме од власта да ги прифати нашите позиции и нека направи пречистен текст, рече Мицкоски.