-Градоначалникот кажа во суштина се поврзано со овој Спортски комплекс, јас немам што повеќе да додадам освен тоа да остане вечното памтење и да го користат младите овде во општина Аеродром овој Спортски комплекс колку што е можно повеќе, да спортуваме и да растеме со спортот, бидејќи само во спортот имаме здрав дух, рече Мицкоски и додаде: А, духот ќе ни биде многу потребен во периодот кој што следи бидејќи состојбата во државата таква каква што е навистина е сложена и здрав дух ќе ни биде потребен и многу дух во суштина ќе ни биде потребен за да ги пребродиме сите овие предизвици кои што се пред нас.