– Ние имаме таму еден случај еден судија поротник кој што го исполнил правото да замине во пензија. И тоа право го исполнил кон крајот на мај месец, според нашите информации тоа е една работа. А, втората работа тој истиот е дел од политичка партија односно од статутарната комисија, и јас имам чувство дека тој е пристрасен. И трета работа, објективно случаите „Талир 1“ и „Талир 2“ каде што практично го афектираат имотот на ВМРО-ДПМНЕ и директно влијаат врз би рекол капацитетот на партијата за време на изборните активности, е започнат 18 месеци по истекот на важење на Законот за СЈО, кое што знаете дека заврши спакувано во една Луј Витон чанта и има таму осудителни пресуди за таа што го водеше тоа обвинителство“, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски при своето гостување во емисијата „Што не е јасно“ на Алфа телевизија. Мицкоски додаде дека суштината е тоа што сите тие се плашат од ВМРО-ДПМНЕ. „ВМРО-ДПМНЕ вакво со замрзнат имот, ете како што вели тој што блокира, ВМРО-ДПМНЕ подложно на мобинг, тортура, нападното од власта, сепак успева да се справи со сето ова и да биде најголемата политичка партија која што ја има најголемата пратеничка група во Парламентот и која што на следните локални избори ќе победи, нагласи тој.
Мицкоски посочи дека злоупотребата која што се случува во судството, притисокот од страна на Заев кон обвинителите и судиите е начин на негово владеење.
– Вие имате матрица на владеење. Каква е таа матрица? Најчесто поставувате обвинители кои што се до вас блиски или ваши послушници за да може да ја слушнат вашата насока односно насоката од Зоран Заев или нему блиските, да обвинуваат по негов терк. А, потоа имате од друга страна судија кој што наместо да го третира обвинителот како странка во процесот, тој практично му се умилкува на обвинителот и суди како што практично обвинителот бара или како што некој претходно му наредил, појасни Мицкоски.
Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, дополни дека во моментов се случува и класична партизација на Уставниот суд од страна на Зоран Заев