Фокус на ВМРО-ДПМНЕ ќе бидат промени, проекти, иднина, а не она што го нуди противникот апатија и проблеми, рече лидерот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на гостувањето во централниот Дневник на телевизија Сител.
–Ќе се фокусираме на проекти, има повеќе од 14 илјади проекти во Програмата, повеќе од 100-тина нови училишта, градинки, паркови, гасификација нешто за што јас се чувствувам одговорен, нешто што треба да се реалзира за почиста животна средина, за почист воздух, за граѓани кои ќе имаат покомфорен живот и слично“, рече Мицкоски.
Според него овие избори ќе бидат предвесник и опомена на власта.
–По овие избори ние очекуваме ново парламентарно мнозинство и предвремени парламентарни избори. Тоа е она кое го очекуваме ние“, рече Мицкоски.