Во обраќањето по повод државниот празник 23 Октомври – Ден на македонската револуционерна на Свечената академија под слоганот „Завет кој обврзува” во Музејот на македонската борба за самостојност свое обраќање имаше претседателот на Владата Христијан Мицкоски рече: „Дојдени сме овде да го одбележиме денот на македонската ревоуционерна борба, ден кој треба да не потсетува, но и освестува дека ние сме минливи, но нашето дело и идеја се тоа кое треба да говори за нас“.

Мицкоски на почетокот исткана дека делото на организацијата која ги носи историските свети букви ВМРО е дело кое денеска ни овозможи да имаме самостојна држава и своја самосвест.

„Никулците на македонската национална мисла создадени пред илинденскиот период, делата и идејата на преродбениците, и енергијата на македонското граѓанство, ефектите од претходните востанија на разни делови на тогашната Македонија, кулминираа и се преточија во движечката сила на Македонската револуционерна организација. Тоа беше силата втемелена во идејата за сопствена независна држава со свој идентитет и посебност“, истакна Мицкоски..

Македонската слобода не беше подарена на тацна, вели Мицкоски во обраќањето, туку македонската приказна е испишана со крв, солзи и непокор и затоа е вечна знаат да кажат тие кои ја познаваат историјата на организацијата.

„Таа не зависи од надворешни притисоци, влијанија, постапки на одродени политичари, предавства на поединци, туку таа идеја с храни и живее во секој жив кој за нејзе се бори на свој начин, во својата област, со своето знаење и со своите вештини, верба и надеж, онаму каде може и колку може, до последниот од нас, кој во себе ја носи идејата за Македонија.

Многу работи се кажани на овој ден, многу работи се случија во историјата кои водеа кон овој ден на формирање на македонската револуционерна организација, но и многу работи се случуваа откако таа се формираше.