Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Христијан Мицкоски од утре па во наредните два дена, заедно со потпретседателот на ВМРО ДПМНЕ Александар Николоски и секретарот за меѓународна соработка Тимчо Муцунски ќе бидат во посета на Брисел каде меѓудругото ќе учествуваат и на парламентарното собрание на Европската Народна Партија.

Се очекуваат и билатерални средби со повеќе политичари и носители на процесите важни за стратешките интереси на земјава, врзани со европските интеграции.

Посетата доаѓа во време кога државата предводена од Заев доживува уште една блокада на патот кон ЕУ, како и фактот што Европската Унија има и забелешки за криминалот на Владата и недостатокот на владеење на правото.