Нема да има покачување на функционерските плати – премиерот дециден – ќе направиме се да го спречиме тоа зашто согласно актуелниот закон, во 2025 би пораснале за над 300 евра согласно растот на просечната плата. Најверојатно ќе се бара правен механизам за да се намалат коефициентите на платите

Најверојатно е дека ќе биде со намалување на коефициенти, не знам точно како, но сигурно е како што е сигурно дека сите ќе заминеме од овој свет дека нема да има зголемување на платите на функционерите , изјави Мицкоски.

Владата крои план и како да ги заштити граѓаните од ценовен шок. На крај на неделава истекува мерката „есенска кошница“ со која се ограничи бруто профитната маржа на 73 производи до 10 отсто. Премиерот вели дека во координација со коморите , трговците и производителите ќе се спречува енормен раст на цените, а доколку дојде до тоа најавува жесток одговор.  Владаа претходно  најави дека во наредниот период ќе се применува како божиќна, рамазанска велигденска кошница со ограничено време на траење пред и за време на празниците кога вообичаено се зголемуваат цените на основните прехранбени производи.

Очекувам заедно со коморите и со трговците и со производителите да не дојде до дивеење. Ако дојде до тоа жестоко ќе реагираме и ќе го браниме стандардот на граѓаните со се што имаме како алатка на располагање – изјави Мицкоски.

Инаку премиерот во рамки на конференцијата „Блумберг Адрија “ ги презентираше стреатешките цели на Македонија.  Економијата ќе се развива преку инвестиции и капитални проекти за што се заврзува реализацијата на големите инфраструктурни проекти.  Мицкоски вели дека тоа што низ Македонија поминуваат коридорите 8 и 10 е огромен плус за нас и неговата цел е државата да стане домаќин на три раскрсници, транспортна, железничка и енергетска, за да бидеме поблиску до големите пазар.