Има отворен пат за брзи предвремени парламентарни избори оваа есен. На тој начин ќе ги спасиме граѓаните од дополнителни срамови, предавства кој што Бојан Маричиќ и останатите како него ги носат, вели претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски во однос на изјавата на вицепремирот за европски прашања, Бојан Маричиќ кој што во телевизиско гостување истакна дека расчистен е патот за уставните измени.

Ова, претседателот Мицкоски, го истакна од Штип каде што во рамките теренската активност „Ова е Македонија за сите“ присуствуваше на кино, каде што додаде дека ги разбира луѓето од власта и нивната нервоза затоа што тие немаат легитимитет и не се избрани од народот, и секој еден ден повеќе на власт за нив преставува тендер повеќе и нивно богатење.

„Јас го разбирам и Маричиќ и Ковачевски и Зечевиќ, апсолутно можам да ги разберам. Тие луѓе немаат легитимитет од народот, не се бирани од народот и за нив секој ден значи тендер повеќе, привилегија повеќе. Секој ден плус таму каде што се, не значи додадена вредност за граѓаните и за Македонија, туку значи додадена вредност лично за нив, богатење, злоупотреба и уживање во привилегиите“, рече Мицкоски.

Додаде дека и тоа ќе заврши и ќе му дојде крај, но после тоа ќе треба да се соочат со институтот одговорност.

„Но, и тоа ќе заврши и после тоа ќе треба да се соочат со институтот одговорност. Е сега јас велам колку побргу тоа се случи, толку помал срамот за нив ќе биде. Затоа, отворен е патот за брзи предвремени парламентарни избори“, повтори Мицкоски.