Тој укажа дека негова претпоставка е дека и во наредниот период власта ќе се пазари со мафијашки структури за маркици, тендери и легализација на дивоградбите односно како што рече тој нема да го зачуди ако следната година оценката биде уште полоша или во крајна линија не се одземе статусот на градот.

– Потребен ли е дополнителен коментар од тоа што го коментира УНЕСКО. Четири изгубени и украдени години за Охрид, охриѓани и Македонија од страна на локалната и централната власт. Претпоставувам ќе се пазарат и за овие локални избори со разно разни полу мафијашки структури долго кои што ќе ги уценуваат за маркици, за тендери, за легализација, така што нема да ме зачуди ако догодина оценката биде уште полоша и ни го одземат статусот на град кој што е заштитено природно и културно светско наследство, вели Мицкоски.