На редовните есеснски локални избори партнерите на владината коалиција СДСМ, ДУИ, БЕСА и ДПА, додава тој, ќе се поддржат едни со други во одредени општини.

Заев најави дека соработката ќе биде во две фази, некаде коалициите меѓу нив ќе функционираат во првиот, а некаде во вториот круг од изборите.

– Да, отворени сме за соработка со ДУИ, БЕСА и ДПА, тие се трите партии на Албанците со кои сме во коалиција. Имаме општини каде логично е сите да настапиме со најдоброто што го имаме. А кој ќе влезе во вториот круг после тоа да се поврземе. Некаде ќе застанаме еден до друг уште во првиот круг, затоа што очекувам добри номинаци на кандидати и од нашите партнери, како што очекувам да ги прифатат и нашите кандидати за да застанат уште во прв круг позади нив, изјави премиерот и лидер на СДСМ, Зоран Заев во интервју за Тв Клан.

Oд друга страна, ДУИ на Али Ахмети не ја исклучува можноста за соработка. Од оваа партија за „Слободен печат“ велат дека во сите општини со мнозинство Албанци ќе имаат свои кандидати.