Мицкоски му одговори на Заев дека таквите како него на факултет ги нарекувале повторувачи, односно, како што рече, толку им е знаењето, додавајќи дека е Заев е нервозен и му гори под нозе затоа што никој веќе не верува во неговите глупости.
Вчера го слушам ми дава на митинг некакви оценки, се расфрла со напишани фрази, прави потези со лактови, до душа заборави да го каже она „мало сутра“, ама изгледа не му го напишале, па го пропушти, ги омаловажува противниците, бидејќи нема што друго да каже. Но, еве само накусо да одговорам. Како професор, таквите како Заев на факултет ги викавме повторувачи, кои најчесто ги повторуваа или, како што ние популарно тоа го нарекувавме, ги квадрираа годините. Зашто толку им беше знаењето, а како политичар морам да признаам нема поголем комплимент од тоа Заев да ти каже дека си за единица, бидејќи доаѓа од човекот кој е во тесна битка со самиот себе во кажување гафови. Тоа е човек кој досега ни соопшти дека рибата смрди од опашката, кој им се обраќа на сончевите колектори како да му се публика, кој работи за џинџер баланс и мисли дека е сидро тоа што влече напред. Е за таков човек станува збор. Го разбирам, но не можам да го оправдам. Нервозен е и му гори под нозете. Затоа што веќе никој не му верува во глупостите кои ги кажува и прави – потенцираше Мицкоски.