Македонија заслужува, час поскоро, веднаш да ги отпочне преговорите со Европската унија за полноправно членство затоа што ги исполни сите услови кои пред нејзе беа поставени.
-Ќе го повторам нашиот став кој што јас сум го кажал многу пати во минатото и стоиме позади тој став и тој е повторен од останатите во партијата, а тоа е дека преговори треба веднаш, бидејќи Македонија многу одамна ги исполни условите за отпочнување на на преговарачкиот процес кон целосно интегрирање во рамките на Европската унија, што е наша генерациска цел, рече Мицкоски.
Тој додаде дека целта на Заев е само да добие датум за преговори, што е различно од отпочнување преговори и кое што во суштина не гарантира ништо и со тоа да прави парада пред македонските граѓани, кој воедно го советуваше нашиот сосед Бугарија да дадат само датум а притоа имаат многу можности да го блокираат членството на Македонија во унијата. Но македонските граѓани заслужуваат многу повеќе од тоа и заради тоа ЕУ треба да го исполни ветувањето за полноправно членство.
-Така што нашиот став е непроменет, и мислам дека тоа треба да биде став на секој еден граѓанин а тоа е, преговори веднаш. Преговори треба утре да се случат а Европската унија треба да си го исполни ветувањето кој што го даде на овој народ, на Македонија дека веднаш по исполнување на критериумите со кои што Зоран Заев не понижи како народ и како нација и како држава, дека ние ќе го отпочнеме патот кон полноправно членство кон ЕУ.
А она кое што го сакаме за мојот народ, за граѓаните во Македонија, вели Мицкоски е малку ведрина, а тоа е Европската Унија да си го исполни своето ветување да ги отпочнеме преговорите.
-Така што оставам на Зоран Заев едното рамо да му го нивелира другото рамо, само претпоставувам во другото рамо ќе има друг тип на куферчиња кое едно рамо му го бутнале подолу поради тапкањето. А она кое што го сакаме за мојот народ, за граѓаните во Македонија е малку ведрина. А тоа е, Европската Унија да си го исполни своето ветување да ги отпочнеме преговорите. Ова не се преговори за Зоран Заев, ова се преговори за граѓаните во нашата преубава Македонија нагласи Мицкоски.