Македонија е најкриминална држава во Европа во моментов, на последното рангирање на Транспаренси Интернешнл Македонија е 111 место, што значи дека нема покорумпирана и покриминална држава од Македонија, потенцираше Мицкоски.
Мицкоски истакна Народот живее бедно и е разочаран и дека ако пред 5 години бевме најдобри по странски инвестиции, сега нема никакви.
– Во 2015 година на истата листа каде што сме сега најкорумпирани и најкриминални на 111 место, бевме најдобри на Балканот со најниска корупција и криминал и бевме околу 62 место, бевме подобри од Хрватска, Грција, Албанија, Бугарија. Што се однесува до инвестициите секоја недела се отвораше нова фабрика, а сега после 52 месеци влада на СДСМ не гледаме некој да инвестира, а дури домашните компании не го прават тоа, рече Мицкоски.
Воедно тој посочи дека власта е катастрофална на секое поле вклучително и со ковид пандемијата каде сме на врвот по починати луѓе во светот.
– Имаме катастрофа во справувањето со ковид пандемијата и можеби сме во топ 3 земји во светот кои се на врвот по починати од пандемијата. Во април и мај не бевме во можност прописно да се вакцинираме, затоа што немаше вакцини, а да не беа донациите од Србија и другите ни тие кои беше најпотребно да се вакцинираат немаше да бидат вакциниран, нагласи Мицкоски.