-Ќе ви зборуваат за иднината, ќе дојдат овде и ќе ви зборат за иднината. Тие сегашноста ја уништија, а не па за иднина да зборат. Затоа иднина со СДСМ не е иднина. Тоа е иднина на статус кво. Иднината со СДСМ е иднина без проекти, без конкретни чекори, со паушални постапки и импровизации, иднина во која нивниот збор ќе вреди како досега, едно големо ништо, голема нула. Иднината со СДСМ е иднина без победи, без радости, без успеси, без разлика дали се спортски, културен, образовен, економски, развоен план. Иднина во која царува духот на малодушноста. Иднина во која власта се срами од сопствениот народ, рече Мицкоски.
Вие најдобро знаете, кажа Мицкоски, дека волкот го менува влакното, а карактерот не.
-И дека со оваа власт нема да биде подобра. Докажаа дека не се способни, затоа ни е потребна вистинска иднина која ние ќе ја создадеме, посочи Мицкоски.
Оттука според него потребна е истрајност и објасни што е победа.
-Ме прашуваат што би било победа според тебе? Според мене победа е да направиме спротивно од овие 30 години. Победа е заеднички да ги урнеме изградените ѕидови. Победа е кога ќе спасиме 14 животи. Победа е кога ќе се згреши, да се корегираме. Победа е да се почитуваме дури и тогаш кога сме различни. Победа е да создадеме вредности, да создадеме принципи, укажа Мицкоски.