Утре ќе има локален развој на нестабилна облачност проследена со пороен дожд, грмежи и засилен ветер, а температурата особено во северните делови ќе се намали за неколку степени. Услови за краткотраен пороен дожд ќе има во недела и понеделник. Потоа во следните денови ќе преовладува стабилно време со нешто пониски дневни температури.