Апелација претходно дозволи ослободување на Мијалков со гаранција од 11 милиони евра, но Обвинителството достави барање за мерка притвор од 30 дена за случајот Плацеви на Водно. Адвокатот на обвинетиот Сашо Мијалков, Звонко Давидовиќ вели дека министерот за правда извршил невиден притисок и со тоа се покажало дека уште еднаш дека Владата се меша во работата на судството.

Адвокатот исто така се пожали дека Мијалков останал и без парите за гаранција и без слобода.

Адвокатот рече дека случајот ќе го испратат до меѓународните судови. Вчера следеа бројни реакции за обидот да се ослободи Мијалков. Одлуката на Апелација ја нарече скандалозна вицепремиерот Љупчо Николовски кој рече дека со ова се погребува довербата со судството. За лидерот на опозициската ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски одлуката на Апелација е театар, а АА ја обвини власта.