Српската напредна странка на Македонија на Драгиша Милетиќ не ги признава резултатите од Пописот 2021. Милетиќ вели дека ова што се објави завчера, е смешно и јасно покажува дека власта фаворизира само една етничка заеднца врз штета на другите млацинства.
Епилогот е дека во Македонија бројот на Србите за 20 години е намален за 12 000 лица, што е апсурд.
Милетиќ вели дека бројт на Срби е значително поголем од оној кој го преброја ДЗС и не ја исклучува можноста Србите сами да организираат интерен попис.
2002 година Срби 35,939 (1,77%)
2021 година Срби 24 759 (1.30 %)
Лидер: Ваш коментар за спроведенио Попис по однос на српската заедница? Според брјките кои ги објави Државниот завод за статистика 1,3 проценти или 24 759 од населението се изјасниле како Срби, што за разлика од претходниот Попис во 2002 година кога за Срби се изјасниле 35 939 лица или 1,77% од населението има драстично намалување. Според Вас дали ова се реални бројки?
-Овој попис покажува најбрутлано фингирање на бројот на населенито по однос на етничката припадност. Така излегува дека Србите имаат само морталитет а немаат наталитет.
Ова е навистина смешно што се работи. Ова е хаос. Очигледено е дека сакаат да форсираат само едно национално малцинство на штета на другите.
Српска напредна странка овој Попис воопшто не го признава и не го прифаќа. Тој за нас е невалиден!
Ние пред пописот направивме една своја статстика, набавивме информации по претплатници на електрична енергија само Скопје. Верувајте, бројката е МНОГУ МНОГУ поголема отколку што беше, не на последниот попис од 2002 туку и на тој од 1994г.
Оваа власт влегува од грешка во грешка. Ништо чудно е и да се случи Србите во Македонија сами да огранизираат интерен попис и тогаш да видиме што ќе ни одговри власта.