Пред единствениот и официјален тренинг селекторот Благоја Милевски се појави на прес конференцијата.
-Секогаш за мене фаворитот треба да се покаже и докаже на самиот терен. Фаворити во денешниот фудбал не постојат. Кој е фаворит на нашата група? Сме во група со изедначен квалитет и затоа фаворит пред почетокот не може да се каже кој е. Единствена цел е да се даде максимумот на овие натпревари и да се оствари посакуван резултат. Горд сум кога момците го даваат максимумот на теренот. Ние сме спортски работници. Единствено што ме интересира е фудбалот. На теренот не очекувам провокации и се надевам дека се ќе биде во рамките на фер-плејот. Начинот на кој размислувам е да размислувам во контекс на спортот. Фудбалерите мои се мотивирани со самото тоа што го носат дресот на Македонија и не им треба дополнителна мотивација.
Бугарите го прашаа Милевски за негово мислење за силата на утрешниот противник?
-Имате квалитетен тим, тој не е спорен. Не очекува тежок меч. Се надевам дека и ние и Вие ќе одиграме еден квалитетен меч. Секој натпревар е приказна за себе и за секој меч треба да имате посебен план. Дали планот ќе се исполни се прашува и противникот. Ќе видиме утре како се ќе се одвива.