Не е етички да си тераат хоби во услови кога луѓе умираат, не е етички да ги затворите сите кафани, а таму кај што ќе дојде министерот или премиерот тоа да се отвори, изјави Антонио Милошоски во емисијата Филибастер на радио Лидер.

Вака може да расте само недовербата кај народот. Првите луѓе од Владата не  почитуваат она што проповедаат. Вакцини нема, а се што е добиено е добиено од донација. Загрижувачки е информацијата за вакцинација на медицински лица во соседните земји, а тоа било одбиено оти се работело за достоинство.  Сметам дека Венко Филипче и ЗЗ со недејствување сносат одговорност за бројот на жртвите од пандемијата , изјави Милошоски.