Антонијо Милошоски, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ и пратеник во своето гостување во емисијата „За или против“ зборуваше за последната посета на Вајмарската тројка во Македоднија каде потенцираше дека на тие средби со меѓународните претставници Талат Џафери и координаторот на СДС, Јован Митревски признале дека нема двотретинско мнозинство за уставните измени да поминат во Собранието.

-Она што го забележав е дека има разлика кога разговараме зад затворени врати и кога разговорите се поискрени и поотворени, тогаш има разлика во ставовите кои претставниците на власта им ги презентираат на гостите од ЕУ. Во овој случај претседателот на Собранието, Талат Џафери и координаторот на пратеничката група на СДС, Јован Митрески кажаа дека нивните партии се за уставните амандмани, дека ќе гласат ЗА, но исто така кажаа дека се реалисти и дека согледуваат дека немаат двотретинско мнозинство за овие уставни амандмани да поминат, што е спротивно од она што во јавноста го истакнуваат Бојан Маричиќ и Бујар Османи кои манипулираат и кажуваат дека има некоја група, некоја фракција се разговара со некого, рече тој.

Милошоски порача дека сепак средбите со меѓународните претставници се корисни.

-И затоа сметам дека ваквите средби со меѓународните претставници сепак се корисни дури и за нас. Ние со нашите аргументи им објаснуваме дека нашата резерва кон овој процес е оправдана, додаде тој.