На фотографијата што Антонио Милошоски ја објави на социјалните мрежи се гледа дека четириесетина пратеници веќе се седнати на своите места и го чекаат собранискиот спикер Талат Џафери да ја отвори седницата.
– Подготвени сме. Нашите пратеници се тука, а пристигнат е и пратеникот Јован Јаулески од Струга – кратко одговори за Плусинфо Антонио Милошоски.