Тој сепак додаде дека нема да биде дел од Влада која е антиалбанска и против Европската Унија.

-Јас сум опозиција, секако дека ќе гласам да падне Владата. Стојам на ставот дека Алтернатива, како политичка партија има своја визија и никогаш нема да дозволиме да бидеме дел од која било листа или власт во која дел ќе бидат и политички партии или партија која е и анти албанска и анти НАТО и анти ЕУ и анти Косово и анти сите современи вредности, рече Реџепи.