Министерството за здравство, повикувајќи се на податоци од Институтот за јавно здравје, информира дека во текот на минатата недела, од направени 3.281 тест, регистрирани се 196 нови случаи на КОВИД-19, што е намалување од 14,8 проценти во однос на минатата недела.
Во текот на изминатата недела, не се пријавени починати лица. А согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, од 14 септември до 21 октомври, биле пријавени осум починати лица.
Минатата недела, регистрирани се 221 оздравен пациент.Од новозаразените 196, од Скопје се 127, Прилеп – 21, Охрид – 10, Битола – 8, Штип – 5, Кавадарци и Кочани – по 4, Неготино – 3, Куманово, Струмица и Кичево – по 2, Тетово, Велес, Гостивар, Струга, Гевгелија, Радовиш, Дебар и Македонски Брод – по 1.Процентот на позитивност се движи од 1,5 отсто до 8,2 отсто, просечно 5,7 проценти.
Од вкупниот број на позитивни (196), регистрирани се 50 реинфекции со намалување од 9,1 отсто во однос на претходната недела (n=55).
-Регистрирани се заболени лица во сите возрасни групи, со најголем број на случаи пријавени кај возрасната група над 60 години (n=100; 51,0%). Намалување се забележува кај сите возрасни групи во однос на претходната недела, велат од Министерството за здравство.
Регистриран e 221 оздравен пациент, 5,6 отсто помалку во споредба со минатата недела (n=234): Скопје – 159, Прилеп – 14, Битола – 8, Штип и Кавадарци – по 5, Куманово – 4, Охрид, Кичево и Кочани – по 3, Велес, Гостивар, Струмица, Гевгелија и Ресен – по 2, Крива Паланка, Делчево, Берово, Виница, Кратово, Богданци и Македонски Брод – по 1.
Во текот на изминатата недела (31.10 – 06.11.2022) не се пријавени починати лица. Согласно Регистарот на умрени лица со дијагноза КОВИД-19 од Мој Термин, пријавени се 8 починати лица, од Скопје (3), Прилеп (2), Битола (1), Охрид (1) и Штип (1). Пријавените се на возраст од 70г до 95г, а починати се во период од 14.09.2022 до 21.10.2022г. Од починатите лица, 5 се починати во болнички услови и 3 во домашни услови.
Во минатата недела тестиран е 3.281 материјал, со што се бележи зголемување од 12,5% во однос на минатата недела (n=2.917). Материјалите се тестирани во следните лаборатории: ИЈЗ-329, ЦЈЗ Скопје-252, ЦЈЗ Битола-63, ЦЈЗ Прилеп-49, ЦЈЗ Тетово-34, ЦЈЗ Куманово-107, Клиника за инфективни болести и фебрилни состојби-0, Судска медицина-0, лабораторија болница Козле-0, УК Пулмологија со алергологија–4, Институт за микробиологија–200, Жан Митрев (Филип Втори)-24, Авицена-41, Биотек-74, Систина-37, лабораторија Лаор-17, Синлаб-19, Ремедика-37, Плодност-6, Генеа-25, Никоб Лаб-267, ВФВ Медикал-12, Ели Медика Плус-18, Спектра-ММ-3, Рапид Лаб–11, Жан Митрев Струмица–2, Нова Лаб Дијагностика–0, Рамус-16, ГМ Лаб – 0, ЈЗУ и ПЗУ (рапид тест)– вкупно 1.634.
Во лабораторијата за вирусологија при ИЈЗ во текот на минатата недела се изработени 42 примероци на SARS-CoV-2, од позитивни примероци детектирани во текот на месеците септември и октомври од Велес, Скопје, Кавадарци, Битола, Кичево, Неготино, Гевгелија, Охрид и Струмица. Кај сите примероци е детектирана BA.5 сублинијата на Omicron сојот.
Досега во земјата се направени вкупно 2.186.573 тестирање на КОВИД-19. Вкупната бројка на КОВИД-дијагностицирани лица во нашата земја од почетокот на епидемијата изнесува 344.342, бројот на оздравени пациенти е 334.556, на починати е 9.572, а бројот на активни случаи изнесува 214.
Од стартот на вакцинацијата против Ковид -19 на 17 февруари 2021 година заклучно со 6 ноември вакцинирани се вкупно 875 849 лица со барем една доза на вакцина против COVID-19 во државата и странство. Комплетно вакцинирани (со две дози) се вкупно 856 930 лица.
Деталниот извештај на Институтот за јавно здравје за состојбата со Ковид-19 за периодот од 31.10.2022 до 06.11.2022 година, како и кумулативната состојба со Ковид-19 во Република Северна Македонија се објавува на веб страницата на Институтот за јавно здравје: http://iph.mk/