Според нив, минатиот месец беше обележан со невообичаено високи температури во многу региони – од Финска до САД.
– Кога ги набљудуваме температурите во светот, гледаме промени од година во година, па дури и од месец во месец. Но, основното нешто што го гледаме е трендот на глобално затоплување, вели Фреја Вамборг, виш научник во Службата за следење на климатските промени на ЕУ, Коперник.
Коперник објави:
-Минатиот месец беше трет најтопол јули досега во светот, по јули 2019 година и јули 2016 година. Тоа беше и втор најтопол јули во Европа, по 2010 година
Податоците за Коперник датираат од 1950 година, но се вкрстуваат со други податоци кои датираат од средината на 19 век.
Од рекордната жештина во САД и Канада, која започна во јуни, починаа стотици луѓе и беа предизвикани голем број пожари.