Министерот за економија најави промена во моделот на субвенционирање на струјата. Бектеши ги уверува граѓаните дека поскапувања нема да има, а струјата дека ќе биде субвенционирана до први јули.

Споерд она што го соопшти министерот „инвестицискиот бум со фотоволтаиците“ е причина зошто има вишоци на струја. Додаде дека проблем се зимските месеци кога во Македонија помалку се прозиводува. Тој потети дека е вратена и тарифата за евтина.

Токму субвенциите кои Владата ги дава на ЕСМ, ја прават струјата за граѓаните многу поевтина од онаа на берзите, вели Бектеши.

Претходно, цената на струјата во Македонија речиси и воопшто не поскапе. Цената на струјата за домаќинствата од 1 јануари се намали за 5, 16 отсто за прв блок, за втор блок и за евтината тарифа останува иста, за трет блок поскапува за 2,88 а за четврт блок за 1,86 отсто.

Нови цена на струјата: Прв блок поевтинува за 5,16 отсто, поскапуваат трет и четврт блок

Како што истакна претседателот на Регулаторната комисија за енерегетика Марко Бислимоски, тоа го овозможи воведувањето на Надоместот за пристап до мрежа од 200 денари месечно. Во спротивно ќе имало поскапување за 3,4 отсто во прв блок, за 8,62 во втор, за 9,46 во трет и за 4,92 во четврт блок, додека евтината тарифа ќе се зголемела за 15,42 отсто. Дополнително, како што рече, овозможиле намалување на мрежарината за речиси 23 отсто.

Со новиот концепт пристап кон мрежа, се направи фер распределба на трошокот за мрежа меѓу редовните корисници и оние потрошувачи кои повремено ги користат објектите, рече Бислимоски.

Експертите велат дека цената може допрва и да се намалува, а како главна причина за ова го посочуваат изборот на универзален снабдувач.