Полициската управа на Црна Гора објави дека минатиот викенд во оваа земја влегле повеќе луѓе отколку што има жители.

Како што објавија, во текот на изминатиот викенд, на граничните премини во Црна Гора е регистриран исклучително интензивен меѓународен патнички сообраќај.

Во периодот од 31.7 до 2.8.2026 година, на граничните премини во Црна Гора се регистрирани 632.766 патници и 146.147 моторни возила.

Најголем сообраќај на патници и возила е регистриран на граничните премини Добраково (80.694), Дебели Бријег (78.800), Сукобин/Муриќани (72.937), Драченовац (67.155) и Божај (44.283), додека 35.823 премини се регистрирани на аеродромот во Подгорица, 32.532 на аеродромот во Тиват и 31.064 на пристаништето во Котор.

Според конечните резултати од пописот на населението од декември 2023 година, објавени од Дирекцијата за статистика на Црна Гора, оваа земја има 623.633 жители.