Нивото на Вардар кај Јегуновце денеска е зголемено двојно во однос на претходниот ден но и натаму е под просекот за февруари. Минимално зголемување има и на мерните места кај Скопје Железнички мост, Велес и Демир Капија, но исто така под просекот за овој период од годинава.

-Над просекот за февруари е нивото на Струмица кај Сушево, а во рамки на просечните вредности е нивото на Пчиња кај Катлановска бања, покажува дневната хидролошка информација за реките и природните езера на Управата за хидрометеорлошки работи (УХМР).

Како што укажуават од УХМР, водостојот на Преспанско Езеро кај ХС „НАКОЛЕЦ” е два сантиметри под апсолутниот минимум.