Како што информира прес-службата на МТСП, на конференцијата насловена „Обликување на европската демографска иднина“, Шахпаска ќе говори за родовата еднаквост, како и за креирање и имплементирање на родово одговорни политики како клучен елемент во развојот на сеопфатен одговор на демографските промени.
Министерката ќе оствари средба со бугарскиот вицепремиер за економски и социјални политики и министер за труд и социјална политика, Галаб Донев, како и со извршната директорка на Фондот за население на Обединетите нации (УНФПА), Наталија Канем и со Алана Армитаж, директорка на регионалната канцеларија на УНФПА за Источна Европа и Централна Азија.
Конференцијата е во организација на бугарската Влада и Фондот за население на Обединетите нации