Министерот за образование и наука Јетон Шаќири учествува на Светскиот образовен форум, најголемиот глобален собир на министри за образование и вештини, што од 22 до 25 мај се одржува во Лондон.

На форумот, на кој годинава учествуваат 112 министри од 107 земји во светот, ќе се обрати и министерот за образование на Велика Британија, Надхим Захави.

– На бројните официјални сесии и неформални дискусии главна тема е градењето на посилно, похрабро и подобро образование врз заеднички искуства и како националните образовни системи да се потпираат на наученото од пандемијата, да се споделат сознанијата, затоа што единствена цел на сите е градење на отпорност на воспитно-образовните системи, се наведува во денешното соопштение од Министерството за образование и наука.

На маргините на Форумот, министерот Шаќири, како што информираат од МОН, остварува и средби со студенти од државата кои што студираат во Велика Британија, како и разни европски чинители во областа на образованието, во соработка со Амбасадата на Република Северна Македонија во Лондон.

Светскиот образовен форум е извонредна можност за размена на мислења со директните ученици кои ги креираат одговорите на актуелните образовни предизвици од цел свет, работејќи на развој на образование кое води кон економскиот напредок и просперитет.