Министерот за внатрешни работи Оливер Спасовски заедно со делегација од Министерството за внатрешни работи, утре и задутре ќе ги посети Хаг и седиштето на ЕВРОПОЛ во Кралството Холандија.
-При посетата на ЕВРОПОЛ, Спасовски ќе оствари средба со извршната директорка, Катрин Де Бол, а потоа ќе присуствува на презентации од страна на експерти од Европол за работата на Оперативните центри во Европол, како и посета на бирото на Република Северна Македонија во Европол, информираат од МВР.
Министерот Спасовски ќе оствари билатерална средба со заменик генералниот директор за управување со меѓународна миграција во Министерството за правда и безбедност на Кралството Холандија, Еуке Фабер, а ќе се сретне и со почесниот конзул на Република Северна Македонија во Кралството Холандија, Бено Фридберг.