Во Македонија не смее да се објави роман за Гоце Делчев?!
Министерството за култура на Македонија, со одлука на министерката Бисера Костадиновска – Стојчевска го одби романот на Блаже Миневски за љубовта на Гоце Делчев и Јанка Каневче!
Како што соопштија од Министерството, романот “Ако се родат некакви чувства” не е од “национален интерес” и неговото објавување нема да биде финансирано со средствата предвидени за таа намена во буџетот.
Бидејќи романот веројатно е одбиен од политички причини, се поставува прашањето чиј “национален интерес” штити македонското Министерство за култура? Факт е дека првпат во Македонија се случува љубовен роман да биде забранет без да биде прочитан, односно да не биде објавен поради политички причини. Во оваа, и ваква Македонија, очигледно Гоце Делчев не може веќе да биде ниту книжевен лик!
Книгоиздателството “Матица македонска” од Скопје ќе се обиде со претплата на читатели од земјата и странство, со донации и спонзорства, сепак да го објави во голем тираж романот на Миневски, ( кој има околу 500 страници и прилог со многу ексклузивни фотографии и документи) до почетокот на април а големата, сенародна промоција е планирана за 4 мај, денот на убиството на Гоце Делчев пред 120 години во Баница!