Земјите-членки на Г7 ја уверуваат Украина во нивната континуирана поддршка за одбранбената борба против Русија, изјави вечерва во Берлин германскиот канцелар Олаф Шолц по видео-конференцијата со другите лидери од Групата и со украинскиот претседател Володимир Зеленски, јави ДПА.

-Украина ќе биде поддржана се додека е тоа неопходно, рече Шолц, додавајќи дека и економскиот притисок врз Русија ќе биде уште поголем.

Шолц, истовремено, направи преглед на германското претседателство со Г7 во годината што се ближи кон крајот.

-Рускиот напад врз својот сосед, на крајот на февруари, бараше решителен и силен одговор од сојузниците, пред сè од Г7, рече германскиот канцелар, пренесе ДПА.

„Успеавме да го обезбедиме овој цврст одговор. Економски најсилните демократии во светот сега се поблиски отколку што некогаш биле“, кажа Шолц.