Листата на тоа кој се примил вакцини, со име и презиме, се уште е класифициран податок, но од министерството за здравство велат дека тие биле транспортирани во процесот на имунизација затоа што не медиумите во неколку наврати им дозволиле да снимаат вакцинирање.

Во исто време, велат дека немало никакви класифицирани листи на вакцинирани функционери за какви што ние воопшто не пишувавме.

Ние пишувавме дека листата на вакцинирани е класифициран податок, што воопшто не беше демантирано.

Во исто време, од нас бараат демантот да го пренесеме без коментар повикувајќи се на некаков кодекс кој не е меѓународно признаен. Ова барање нормално не им го прифаќаме!

Кои се тие нас да не учат кој кодекс треба да го прифаќаме? Особено кога и ние, исто како и тие знаеме кој се е вакциниран.

Веројатно од таму доаѓа потребата вака нервозно да реагираат.

Прочитајте и уверете се сами. Демнантот на министерството ви го пренесуваме во целост:

Министерството за здравство во целост го демантира насловот и текстот објавен на порталот „Лидер.мк“ со наслов „ЕКСКЛУЗИВНО: Министри и функционери се вакцинирале преку ред!“. Содржината во целиот текст и насловот се невистинити, затоа бараме Љупчо Златев, главен уредник на порталот „Лидер.мк“ јавно да се извини за ширењето лаги и дезинформации во врска со процесот на имунизција против Ковид 19. Министерството за здравство ги уверува граѓаните дека во оваа фаза се вакцинираат само здраваствени работници и никој друг освен медицински персонал. Министерството за здрвство тврди дека не постои таен процес на вакцинација, не постојат никакви класифицирани листи на вакцинирани здравствени работници. Процесот на вакцинацијата против Ковид 19 е транспарентен и јавен. Ова го потврдуваме со фактот дека во секое време медиумите имаат можност да го снимаат процесот на имунизација, а често и здравствените работници потенцирајќи ја важноста на вакцинација против Ковид 19, сами споделуваат фотографии на социјалните мрежи од чинот кога ја примиле вакцината.

Министерството за здрвство бара целсно објавување на овој демнат во иста форма и време каде е објавен и лажниот текст на порталот „Лидер.мк“.

Во член 3 од новинарскиот кодекс, а во врска со правото на објавување демант, согласно став 7 пишува- „одговорите не треба да бидат проследени со полемичен редакциски коментар“ па оттаму бараме нашиот одговор да биде објавен во целост онака како што е напишан.