Македонската влада наскоро ќе потроши 1,6 милиони евра за изнајмување на 45 нови автомобили од висока класа со зафатнина од над 2.000 кубни метри, објави Телма.
Ваквата одлука предизвика негодувања и реакции во јавноста, особено што граѓаните се соочуваат со економска несигурност и недостаток на средства за основни потреби.
Тие велат дека Владата треба да биде одговорна пред своите граѓани и да ги земе предвид нивните потреби и предизвици. Дали оваа одлука е неизбежност поради безбедност или просто лицемерство, времето ќе покаже.
Техничкиот премиер Талат Џафери, пак, во врска со набавувањето нови возила на лизинг од Владата, вели дека тоа не е новина и оти станува збор за востановена пракса. Според него, лизингот е поевтин од купувањето моторно возила во сопственост бидејќи, како што рече, за периодот додека трае лизингот или по време или за поминат километар по возило, гаранцијата и одржувањето е на давателот на услугата, а не на побарувачот.