Гласаа 51 пратеник за, а за негово усвојување потребни се 61 глас . Од Собранието појаснија дека процедурата за овој закон завршува тука.

Според информациите кои кружеа во јавноста овој закон ќе беше во корист на ДУИ, чија цел е преземање на бизнисот со легално коцкање. Албанската опозиција предупреди дека лица блиски до Груби се длабоко инфилтрирани во Државна Лотарија. И дека тој сака да ги легализира претходно нелегалните постапки во Лотарија за отворање на новата видео лотарија и компаниите за онлајн обложување.

Според партиите кои не се согласуваа со законот спорни беа три моменти: Мултиплицирањето на лиценците и давање лиценци на компании во кои што Управни и Надзорни одбори членуваат лица од Кабинетот на Артан Груби. Дозволување на онлајн коцкање, што практично значи дека секој од дома може слободно да си се коцка, па и малолетниците. И една од најспорните одредби можеби беше таа што предвидува дозволи за објектите односно просторот каде игрите на среќа би биле сместени да дава министерството за финансии – повторно предводено од Демократската унија за интеграција.

Извор: Алфа