Утрово речиси во цела Македонија имаше минусни температури. Најстудено беше во Берово со -5 степени, додека Крива Паланка, Скопје, Маврово и Лазарополе се разбудија со -4 степени. Минусни темепратури имаше и во Велес, Демир Капија каде беа измерени -3.
Единствено температурите во плус беа во Претор и Гевгелија, каде биле измерени 1 степен.
Најмногу снег има на Попова Шапка (40 сантиметри), во Маврово 27 и во Крушево 4 сантиметри.
Денеска во пладневните часови од запад ќе се прошрат повремени врнежи од дожд, а на планините особено во западните делови врнежите ќе бидат од снег.