– Револтот кон новата концепција за реформи во основносто образование достигнува голема кулминација од кога се слушна најавата дека ќе се менуваат печатените учебници со дигитални учебници. Не слушнавме од министерството, не слушнавме ниту една државна убедлива анализа, некој стратешки документ, што планирате? Како планирате сето ова да го изведете ? Некои брзоплети закони стигаат до Собранието, се враќаат но зошто да нема јавна расправа, зошто за ова да не се говори насекаде? Гледате колку гнев, колку револтирани наставници, родители, студенти, ученици, за сите овие реформи постојано ги слушаме секој ден. Јас ве прашувам дали има образовна и темелна стратегија за сето ова што го правите, бидејќи не ја слушнавме во етер а слушнавме дека во медиумите многу се манипулирало, се шпекулирало со ова прашање. Еве јас не само како пратеник, туку како родител на две дечиња сакам да слушнам од вас детална анализа, да образложите што подгтовувате и зошто го повлековте законот а се разбира потоа го очекуваме со ЕУ знаменце, исткна Мисајловски.

Тој посочи дека додека тој зборува на собраниската седница во меѓувреме пред МОН се собира петиција за укинување на сите реформи а особено за законот за учебници.

– Додека јас овде зборувам ученици се гасат на наставата, сакаат да повикуваат на бојкот. Дали е тоа шпекулација или не вие ќе ми кажете. Додека овде јас зборувам, се најавуваат пресови пред вашето Министерсто за да покажат револт кон сето она што се случува. Наставниците се гневни а многу исто така и средношколци и оние дечиња кои што се во основното образование се револтирани бидејќи дел од нив нема да можат да ги поднесат сите овие трошоци. Повторно ќе спомнам, ученици се собираат за бојкот, родители се собираат за бојкот и протести а гледам дека од ваша страна има една голема ароганција, на сила да донесете некој закон со европско знаменце. Зошто го говорам ова? Бидејќи Законот што стигна во Собрание можеше сите јавно да го расправаме, можеше сите да дебатираме, можеше да поднесеме амандмани, нешто да прифатиме. Тоа повлекување што го направивте и вчера чинам на Влада сте го поминале со европско знаменце, сакате да покажете дека овој Закон ќе го донесете со сила, посочи Мисајловски.

Пратеникот објасни кон граѓаните дека ВМРО-ДПМНЕ дека ќе поднесе нови амандмани за овој Закон, но дека можноста да поднесат амандмани и нешто да се укочи од овој Закон ќе нема шанса бидејќи власта преку злоупотреба на европското знаменце ќе го достави овој закон во процедура и ќе се расправа само два три дена и потоа ќе биде донесен.

– И тоа е манипулација и злоупотреба на Европското знаменце. Исто така често слушам спомнувате некои земји како Естонија, големи развиени земји во Европа, Франција, Германија не знам Хрватска, каде што постојат вакви модели на дигитализација, но јас мислам дека не е така. Еве ве молам објаснете дали е вистина дека имаат вакви или слични закони. Мислам дека не ви се добри примерите. И во толку развиени земји не планираат целосно да преминат на дигитализација. Дали тоа вие постепено ќе го правите треба одговор да дадете. Но што ќе се случи со библиотеките, книжарниците, дај се електронски да направиме, се дигитално, учениците секој ден да бидат пред компјутери, па кога ќе завршат со настава дома повторно да учат на компјутер, па домашните да ги пишуваат на компјутер, па потоа сите да пограат со другарите на компјутер. А кога е времето за надвор, времето за другарување, праша тој.

– Зошто го говорам ова? Го говорам ова со разум, направете алтернатива. Дозволете им на учениците и родителите да имаат алтернатива. Ако сакаат дигитализација никој не е против тоа, но немојте тоа да го направите со уцена и закана дека мора така да биде. Можеби грешам еве исправете ме. Барам одговор да објасните целосно што се случува. Не е во ред постепено да ги замените сите печатени учебници. Верувајте, не само што ќе има отпор од родители и ученици, туку печатени учебници сакале или нејкеле ќе има. Едноставно ќе има, и никој не може тоа да го запре. Ние како родители ќе обезбедиме. Вие, слушам од вашата институција ќе се печателе. Ќе се обезбедат учебници ви кажувам, едноставно така треба. Исто така слушнав дека многу дечиња не можат технички помагала да имаат во следење на наставата. Морам да бидам искрен слушнав една изјава денеска, дека сите деца треба да бидат еднакви. Нормално дека треба да бидат еднакви, и тоа УСтавот го предвидува дека еднакви услови образованието треба да има и дека на сите сиромашни дечиња ќе им се помогнело, ќе се обезбедат средства, ќе се обезбедат дигитални и технички средства итн… Кога и како? Со кои средства? Има ли доволно пари во буџетот, зошто не покажете научна стратегија ? Научна анализа, нека дојдат овде во ова Собрание, сите од селата, нека разговараат слушнете ги што имаат да кажат. Слушнете ги пратениците од ВМРО-ДПМНЕ што имаат да кажат за ова прашање, што се премногу компетентни. Не ви зборам само како политичар, не ви зборам само како да направам политиканство во ова, ви зборувам како родител но и ремава малце да се крене, да се има разум, зошто вака со ароганција со гнев со сила носење закон, верувајте ќе удрите во ѕид. И не ви го зборувам тоа како потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ, зборувам како родител. Се собираат групи за неколку дена од 70.000 граѓани каде што има револт. Гледам и пратеници од СДСМ пишуваат таму, каде што исто им враќаат со револт и гнев. Прашањево го симнавте толку ниско за секој еден граѓанин да е загрижен, а најмногу на крајот од денот ќе трпат учениците и родителите, дециден е Мисајловски.

– Ова е општествено прашање, има многу потпрашања и така натака, дали планирате од трето, четврто одделение постепено да ги укинувате, пак ќе ви повторам – Што и да планирате, ве уверувам дека печатени учебнци сите ние ќе се снајдеме и ќе имаме, на било кој начин. Дали утре казни ќе препишете, повторно ќе има. Затоа ние повторно ќе одиме во библиотеки, повторно ќе одиме во книжари, а на крајот од денот ако треба целосна дигитализација има и книги кои што се само во електронска форма. Но пак одите да купите книга во печатено издание. Не брзајте министерке, отворете ја дебатата. И затоа сите прашања сега ќе ви ги поставам а претпоставувам дека може да ги одговорите во едно прашање бидејќи се работи за иста тема. Прашањето е едноставно – дали планирате постепено да ги укинете сите печатени учебници и да ги смените со дигитални? Односно, кој е новиот пристап кој се промовира во образованието со новиот закон, оној за учебници што го повлековте. Да потенцирам, на крајот од денот со тоа што го правите, ставате знаменце на ЕУ дали е тоа манипулација со сила да помине овој закон ? Ако со сила го туркате овој закон со ЕУ знаменце мислам дека наредната недела ќе добиете и одговор да го тргнете тоа ЕУ знаменце, додаде тој.