При денешната посета на општина Гази Баба, во рамките на активноста „Промените се случуваат, секогаш со народот“ потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски одговарајќи на новинарско прашање во однос на новото задолжување од над 900 милиони евра од страна на владата истакна дека целта на власта е да се пополнат дупките во буџетот, бидејќи економијата е девастирана, не се работи, нема инфраструктурни проекти и нема капитални инвестиции а инфлацијата е двоцифрена.
– Она што е страшно и што е многу проблематично е каде завршија овие 20 милијарди евра од буџетот и до сега што помина, каде се тие пари, каде се во капитални инвестиции, каде се во нови школи, во нова инфраструктура и така натаму. Никој не знае за што точно ќе се користат овие средства и видете има различни изјави но целта е да се пополнат дупките што ги има во буџетот и зошто, бидејќи што имаме девастирана економија, бидејќи не се работи, бидејќи нема приход од економијата. Гледате имаме зголемена инфлација таа оди веќе двоцифрена станува, а од друга страна со ова задолжување секое едно новородено дете ќе го задолжат со 500 дополнителни евра. Ако гледате јавниот долг веќе стигна до 62, 63 % што е веќе многу сериозно и загрижувачко за Македонија и за секој еден граѓанин. Ние ќе бидеме во Собранието и многу внимателни ќе бидеме со овие предлози на владата со ново задолжување од една милијарда и ќе ги употребиме сите демократски алатки да видиме за што се планираат овие средства, за што планираат да ги потрошат или како и се досега да си ги стават во сопствениот џеб, нагласи Мисајловски.