Владо Мисајловски, потпретседател на ВМРО-ДПМНЕ на вечерашната дебата по повод 33 години од партијата рече дека се додека постојат луѓе кои сакаат да ја видат Македонија напред и да прават добро за државата тоа е најдоброто нешто за државата.

„Со многу луѓе сме имале заеднички битки, сме биле во општинските комитети, потоа ни се дале шанса. Сум бил министер, сум имал и други функции. Каде и да сум бил сум размислувал како да направам што е можно повеќе проекти, како со многу малку буџет да има нов пат и слично, сум гледал како да не го посрамотам семејството, како да не го посрамотам ВМРО-ДПМНЕ, се разбира со тоа и Македонија“, рече Мисајловски.

Мисајловски посочи „секој еден од вас направил да биде партија која е бренд за проекти, секаде каде што ќе се свртите гледате дека ВМРО-ДПМНЕ оставило печат“.

Тој посочи дека сето тоа е направено со многу пот од сите во партијата, поддржувачи.

„Сега како пратеник е многу тешко да се водат некои процеси, но кога имате добар лидер, добар тим, кога имате добро раководство, кога имате одлични луѓе во Центарот за комуникации, во општинските комитети, во месните комитети, едноставно имате сила за се“, кажа Мисајловски.