Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ Владо Мисајловски преку статус на Фејсбук пишува дека денеска остварил средба со граѓаните од селото Горна Матка.
-Пријатна средба со граѓаните од селото Горна Матка од општината Сарај заедно со пратеникот Бојан Стојаноски и претседателот на општинскиот комитет на ВМРО – ДПМНЕ во Сарај Мартин Стојановски.
Расположението на луѓето како и секаде е во разочарување.
Овие луѓе се заборавени од општината, градот Скопје и власта.
Велат четири години никој не дошол, ниту па нешто не прашал.
ВМРО – ДПМНЕ тоа нема да го дозволи.
Никој нема да биде заборавен.
Проекти, проекти и многу работа.
За секој граѓанин, во секое село во секој град, вели Мисајловски во својот статус на Фејсбук.