Продлабочување на соработката и зајакнување на безбедносните капацитети

Министерот за одбрана, Владо Мисајловски, денеска ја предводеше првата сесија на Стратешкиот дијалог со Соединетите Американски Држави во Вашингтон, посветена на одбранбените и безбедносните прашања.

– Партнерството со САД ќе продолжи да се развива како силен столб на нашата безбедност и стабилност, изјави Мисајловски. – Голема благодарност за континуираната поддршка и доверба, кои се клучни за нашиот напредок.

Нови договори и заеднички иницијативи

Министерот истакна дека во наредниот период главен фокус ќе биде продлабочување на соработката преку нови договори, заеднички иницијативи, опремување и напредни обуки.

– Работиме на унапредување на капацитетите на Армијата, следејќи ги современите безбедносни предизвици и потребата од поголема подготвеност и ефикасност, рече Мисајловски.

Континуирани инвестиции и НАТО цели

Тој посочи дека плановите за наредниот период се насочени кон континуирано инвестирање во одбраната и безбедноста, со посветеност на модернизација, интероперабилност и подготвеност.

– Нашата цел е Армијата да биде подготвена и способна да одговори на сите современи предизвици, нагласи министерот за одбрана.